И годинава на празникот Петровден, на 12 јули, ќе се одржи традиционалната трилатерална погранична средба „Краиште“, во организација на локалните самоуправи на Општина Крива Паланка, Р.С.Македонија, Општина Ќустендил Р.Бугарија и Општина Босилеград , Р.Србија.
Се известуваат граѓаните што сакаат да присуствуваат на средбата дека на истиот ден, 12.7.2025 граничниот премин Краиште ќе биде отворен за минување за жителите на пограничниот реон, во период од 7:00 до 19:00 часот .
Во овој период граѓаните ќе можат непречено да се движат и да ја минуваат границата, а за премин секое физичко лице потребно е да ги исполнува следните услови:
– да е државјанин на РС Македонија , односно Р Србија и
– да поседува патен документ (лична карта или пасош), издаден согласно националното законодавство од надлежен државен орган на Република Северна Македонија, односно Република Србија, со кој може да се утврди идентитетот на лицето.
Граѓаните непречено може да ја преминуваат државната граница пеш, со патнички автомобил, мопед или велосипед.