Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека на ден 04.07.2025 година (петок) во периодот од 00:00 часот до 05:00 часот ќе се врши терестична дезинсекција за заштита од комарци.
Се известуваат граѓаните да избегнуваат задржување на отворено во периодот на вршење на дезинсекцијата.
Се известуваат пчеларите во времето на дезинсекција и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши дезинсекција врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи дезинсекцијата ќе биде одложена за наредните денови кога временските услови ќе бидат поволни.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски