Концерт на „Трио“ – флејта, виола и пијано

Едночасовниот концерт на „Трио“ – флејта, виола и пијано со композиции – преработки на македонски фолклорни песни, ја затвори јунската програма на „Кривопаланечко културно лето“.

Кривопаланчани уживаа во композиции за пијано од Биљана Петровска, преработки на македонски фолклорни песни.

На летната сцена во градот одекнаа композициите што ги ги негуваат музичките мелодии и фрагменти од фолклорот, со своја индивидуалност, форма и мелодиски движења, кои истовремено го потенцираат специфичниот фолклорен ритам на македонското поднебје.

Според Петровска, секоја мелодија претставува терапија за душа и се надева дека така е и за сите што го проследиле настапот, бидејќи нивната интенција како изведувачи е преку  композициите да се пренесе музички оптимизам, верба и надеж.

Големина на фонт
Контраст