Детската среќа најгласно говори, повеќе од илјада зборови. Крива Паланка во рамки на „Кривопланечко културно лето“ 2025 навистина живее со среќни лица, што го потврди и фактот дека летната сцена на градскиот плоштад синоќа беше преполна дечиња, родители, и сите уживаа во програмата.
За бескрајна радост на дечињата беа задолжени неприкосновените, атрактивни и уникатни жонглери Димитар Велков и Сашо Петровски кои приредија уште една магична , забавна вечер за најмладите и сите кои ја проследија програмата на „Кривопаланечко културно лето 2025“.