Градоначалникот на увид во изградбата на првата монтажна катна гаража во градот

Во полн интензитет се работи на изградбата на првата модуларна, монтажна катна гаража во градот со која ќе се одезбедат нови 166 паркинг места во општината и ќе се креира јавен паркинг простор за потребите на граѓаните и посетителите.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес изврши увид во градежните активности на терен кадешто веќе се гледа напреднаат фаза на реализација на проектот што ќе донесе урбана слика во централниот градски реон и функционалност на оваа локација, на која градот изтовремено ќе добие и покриен зелен пазар, со соодветна организација на просторот.

Проектот за градба на првата фаза од модуларната катна гаража е со вкупна вредност од 65.000.000 денари со ДДВ.

Оваа капитална инвестиција е прво јавно паркиралиште од овој тип во градот, со кое ќе стопанисува Јавното претпријатие „Калин Камен“, и ќе претставува сигурно место за паркирање со достапност на паркинг места за потребите на граѓаните.

Градоначалникот Митовски посочи дека општината останува посветена на решавањето на горливиот проблем со недостиг од паркинг места и работи псоветено на овозможување подобри услови за живот на сите граѓани.

Големина на фонт
Контраст