Главната улица св.Јоаким Осоговски е асфалтирана, заврши реконструкцијата и рехабилитација на фаза 1, на потег од крстосницата кај Градски музеј и Шанин Мост до Соларски мост.
Станува збор за проектот за реконструкција и рехабилитација на централната градска улица од населба Единство до Соларски мост, што со средства во висина од околу 24.000.000 денари преку Министерство за транспорт и врски, средства од Светска банка.
Претходно, комплетно беше асфалтирана трасата од Фаза 2, на потегот од нас.Единство до Нимулија, кадешто беше извршено: рехабилитирање и асфалтирање на 540 метри.
Вкупната должина на улицата кадешто е извршена реконструкија и рехабилитација е 850 метри, а во претстојниот период општината планира да реализира проект и за реконструкција на главната улица и на релација од населба Единство до клучката со магистралниот пат А2, на излезот од градот.