Интензивно се работи на реконструкција на спортскиот терен во  ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ – зграда Партизан

Градежните активности за реконструкција на спортскиот терен на ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ – зграда Партизан се во тек, а по завршувањето активностиte за поставување нова, енергетско-ефикасна фасада, деновиве интензивно се работи на обнова на училишниот спортски терен што ќе добие тартан подлога, а ќе се постави и нова заштитна ограда.

Проектот за реконструкција на објектот на  основното училиште „ Свети Јоаким Крчовски“, зграда Партизан е вреден 7.000.000 денари,а покрај заштеда на енергија во самиот објект, учениците и наставниците ќе добијат нов, современ спортски терен за реализација на часовите по физичко и здравствено образование, но и сите млади од градот ќе добијат уште едно ново современо игрфалиште за спортување и рекреација.

Во општината пред само три дена беше официјално пуштен во употреба новито зелен парк кај комплексот згради кај градски зелен пазар, каде покрај останатите содржини исто така е изграден и уреден спортски терен за баскет, а во тек е уредување и на нови спортски терени, за мал фудбал и кошарка, како и нов урбан парк за одмор и рекреација на жителите на Крива Паланка, во нaселба Бавчал’к.

Големина на фонт
Контраст