Синоќа на летната сцена во градскиот парк граѓаните на Крива Паланка уживаа во прекрасната програма фолклорна музичка класика, концерт на етнохармоника и оркестар-студенти од Музичката академија НА Универзитет „Гоце Делчев“, Штип – фолклорна класика од класата на проф.д-р Илчо Јованов.
Младите студенти под водство на искусниот и реномиран професор Јованов, придедија вистинско музчко уживање за сите љубители на македонска фолклорна музика, а специјален гостин на вечерта беше нашиот музички виртуоз на хармоника, Сашо Митковски.
Летните вечери во градот навистина претставуваат вистинска културна лепеза за сечиј вкус благодарение на богата програма на „Кривопаланечко културно лето“ 2025 што Општина Крива Паланка заедно со институциите од областа на културата ја органзиира за сите граѓани, но и во прилог на промоција и поттикнување на локалниот туризам.