Општина Крива Паланка со жалење информира дека повторно се регистрирани случаи на вандализам и уништување на јавно зеленило и декоративно цвеќе, поставено со цел уредување и разубавување на јавните површини. Ваквите постапки од поедници претставуваат грубо непочитување на заедничкиот труд, вложените средства и посветеноста на службите, како и навреда за сите граѓани кои се грижат за чиста и уредна средина.
Благодарност до совесните граѓани кои навремено реагираа и доставија фотографии и информации.
Општината апелира до сите сограѓани да не се толерира ваквото однесување, да се пријават сторителите кога се забележуваат и заеднички да го чуваме нашиот град.
Да не дозволиме несовесни поединци да ја уништуваат сета наша грижа, љубов и вложен труд. Секое цвеќе, секоја клупа, секој метар уреден простор е наше заедничко лице.
Ајде да го чуваме – како што се чува сопствениот дом.