Стенд-ап шоуто „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев, кој речиси два часа ја смееше до солзи кривопаланечката публика на отворањето на програмата од „Кривопаланечко културно лето“ 2025, ја исполни до последно место салата во НУ Центар за култура Крива Паланка. Настапот на Коцев предизвика досега незапаметен интерес кај публиката која уживаше во извонредниот, атрактивен и енергичен стенд-ап, со актуелни теми од општествените случувања, машко-женските релации, коментар на Коцев на неговото лично постоење и опкружување.
Ова е втор настап на Сашко Коцев во Крива Паланка со атенд-ап перформансот, по настапот на програмата „Крива Паланка – Град на културата за 2024′ лани, а според него, публиката во овој град реагира одлично и е е дна од најрасположените.
Организатор на настанот е Општина Крива Паланка, која годинава на програмата за културно елто ќе понуди над 60 настани од различни жанри за сите генерации, а со атрактивни фестивали, маниефстации и концерти ќе интегрира содржини за промоција на туризмот.
Програмата продолжува со изложба на дела од Љубе Чаловски, 40 цртежи и слики со мотиви од националната и светска архитектура, во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.
На 26 јуни ќе биде отворена реномираната Меѓународна ликовна колонија “Св.Јоаким Осоговски”, а во јуни и остаантите месеци, до крајот на летото следува богата програма: изложби, концерти, детски претстави, музички содржини за сечиј вкус.