Во Крива Паланка реконструирана улица „Јане Сандански“, „Борис Трајковски“ и дел од „прохор Пчињски“

Во Крива Паланка завршија градежните работи за реконструкција и рехабилитација на ул.„Јане Сандански“ – крак 1 и крак 2 и улица „Борис Трајковски“ и дел од ул.„Прохор Пчињски“  во населбата Црквена маала. Градоначалникот на Општина Крива Паланка изврши увид на терен и посочувајќи дека се решава децениски проблем за жителите на овие улици.

-Со реконструкцијата на улиците и поставување нов асфалтен слој, директно придонесуваме кон подобрување на секојдневното функционирање на жителите од оваа населба. Граѓаните мора да имаат безбедни улици и подобар квалитет на живот. Улици без кал е наш врвен приоритет и затоа одлучно вложуваме во секој дел од Крива Паланка. Целосно и секојдневно сме псоветени на испорака на видливи, капитални проекти за граѓаните на Крива Паланка, изјави Митовски.

За реализација на проектот за реконструкција на овие улици се инвестирани средства во висина од 3.850.000 денари од буџетот на општината, преку Развојната програма на Општина Крива Паланка.

Периодов со развојната програма за подобрување на локална патна инфраструктура  општината ќе работи на реконструкција на улица „Ратко Минев“.

Големина на фонт
Контраст