Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка бр.09-2973/13 од 29.05.2025 година, Општина Крива Паланка во учебната 2025/2026 година на секој запишан ученик во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка ќе исплаќа по 2000 денари месечна субвенција за период од девет месеци.
Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување месечна субвенција за секој ученик запишан во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за учебната 2025/2026 година.
Барањето за аплицирање со потребните документи треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка.
Крајниот рок за аплицирање е до 30.09.2025 година.