Со тактичко – показна вежба и акција за крводарување, одбележан 20 Мај, Денот на пожарникарите

Тактичко-показна вежба за гасење пожар на бензинска пумпа во соработка со повеќе локални институции, беше дел од активностите на Територијалната противпожарна единица, Крива Паланка за одбележување на денешниот Ден на пожарникарите, 20 мај.

-Вежбата се спроведе на бензинскатa на обиколницата во градот, со симулација на сите неопходни чекори и постапки што се превземаат во реална ситуација на настанување пожар на еден ваков објект. Учесници и соработници во вежбата беа нашите вработени – пожарникари и спасители, вработените на бензинската пумпа, ОВР Крива Паланка и волонтери од општинската органзиација на Црвен Крст Крива Паланка, кои с енаши редовни соработнции. Целта е да се демонстрира пред граѓаните и истовремено да се реализира експедитивно целокупната постапка на сите чинители при вакви ситуации, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Инаку, покрај традиционалната крводарителска акција посветена на 20 мај, во соработка со институтот за трансфузиона медицина Скопје,vшто денес се спроведува, за прват во двете основни училишта од градот, ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ ТППЕ организираше натпревари за ракување со противпожарна опрема – пумпа за вода т.н. брентача.

Големина на фонт
Контраст