Свечена академија во чест на сесловенските просветители и настап на Мите Димовски со познати македонски евергрини

Свечената академија што Општина Крива Паланка ја организира во чест на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е закажана за 22 мај 2025, во НУ Центар за култура, со почеток во 19:30 часот, а на истата ќе бидат  прогласени најуспешните просветни работници во одделенска и предметна настава на територијата на општината за учебната 2024/2025.

За најуспешните просветни работници и за прогласените ученици на генерација во основните училишта „Св.Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и  во средното училиште „Ѓорче Петров“ ќе бидат доделени признанија, а како и секоја година, академијата ќе биде збогатена со пригодна културна програма за присутните.

Ги покануваме граѓаните на Крива Паланка да присуствуваат и да уживаат во богатата програма со најпопуларните македонски песни и евергрини во изведба на Мите Димовски, студио „Тра-ла-ла“.

Големина на фонт
Контраст