Општина Крива Паланка со гордост информира дека денес 14.05.2025г. во просториите на овластеното сертификационо тело ИНТЕРЦЕРТ во Скопје, Градоначалникот Сашко Митовски официјално го прими сертификатот за стандардот ISO 9001:2015 за Системот за управување со квалитет на општината.
Сертификатот ISO 9001:2015 претставува потврда за заложбата на Општина Крива Паланка кон постојано унапредување на услугите, ефикасноста во работењето и задоволството на граѓаните.
Овој меѓународно признат стандард потврдува дека административните процеси и постапките во Општина Крива Паланка се усогласени со најдобрите практики и стандарди за управување со квалитет и истовремено претставува поттик за понатамошен развој и посветена работа кон транспарентно, одговорно и ефикасно општинско управување.
Општина Крива Паланка, во рамки на воспоставениот Систем за управување со квалитет (СУК) согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2015 , продолжува активно да работи на унапредување на транспарентноста, одговорноста и отчетноста во своето секојдневно работење.
Со ова, Општина Крива Паланка се позиционира како пример за современо, ефикасно и граѓански ориентирано локално управување.
Општина Крива Паланка