Финишира уредувањето на  урбаниот зелен парк кај зградите до зелен пазар

Уредувањето на просторот кај комплексот згради до градскиот зелен пазар во Крива Паланка е во завршна фаза, а наскоро на оваа локација граѓаните ќе добијат модерно, урбано зелено катче што ќе го облагороди, раззелени и разубави просторот што со децении беше неискористен и нефункционален.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес изврши увид во работите на терен од проектот „ПАРКС“ и најави дека во завршна фаза се активностите на терен каде на  вкупна површина од над 2000 метри квадратни се уредува парк и се разубавува околниот проестор што ќе ја промени целосно сликата на овој реон од градот.

Оваа локација  ќе прерасне во место за рекреација и уживање на жителите од комплексот згради, на сите паланчани и посетителите од различни генерации.

Во рамки на проектот „ПАРКС“ се врши уредување на 1800 м2 , кадешто се инвестираат близу 240.000 евра од вкупно одобрени за Крива Паланка 388.000 евра од ИПА ИНТЕРЕЕГ 6А  Програмата на ЕУ, за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Активностите од проектот опфаќаат: уредување нов зелен парк со хортикултурни содржини, изработка на прв зелен катастар за урбаното подрачје на Крива Паланка, поставување сензор за мерење квалитет на воздухот, педолошка анализа на почвата,  изработка на прирачник за одгледување растенија, како и обука на населението за одгледување амбиентални растенија.

Општина Крива Паланка, за урбан изглед на просторот со еко – зелена трансформација и негово комплетно разубавување,  инвестира  дополнителни средства за уредување, затоа што граѓаните го заслужуваат тоа.

„ПАРКС“ претставува проект со сеопфатна визија што ги надминува обичните креации на зелени простори. Се работи за синтетиза на инфраструктура со иновации, напредна технологија, сензори за квалитет на воздухот и аналитика во реално време – одржливост на урбаниот пејзаж.  Проектот се имплементира како партнерски проект помеѓу Општина Крива Паланка и Дупница и има за цел зачувување на областите преку регионални знаења и одржливиот, а вкупната вредност на истиот знесува 895.000 евра.

Големина на фонт
Контраст