Во насока на спроведување на стратешки и плански урбан развој, како клучен предуслов за унапредување на квалитетот на живот и поттикнување на локалната економија, денес во салата на Советот на Општина Крива Паланка се одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план (ДУП) за дел од блок И-13 КО Крива Паланка.
Планот предвидува уредување на градежни парцели за изградба на станбени објекти (куќи и згради), објекти за мини-комерцијални и деловни намени, како и големи единици за трговија и сл. Овој плански опфат зафаќа површина од 4,57 хектари и ги опфаќа следните гранични линии:
западно: по осовината на дол „Единство“,
северно: по осовината на Крива Река,
јужно: по осовината на улица „Св. Јоаким Осоговски“,
источо: по осовината на дол „Нумулија“.
Јавната анкета за овој план започна на 20 април 2025 година и ќе трае до 12 мај 2025 година. Сите заинтересирани граѓани можат да достават свои мислења и забелешки во просториите на Одделението за урбанизам, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Во моментов се активни уште две јавни анкети за други Детални урбанистички планови, чии јавни презентации се закажани за 29 и 30 мај.
Општина Крива Паланка останува посветена на креирање на урбанистички решенија кои овозможуваат хармоничен просторен развој, нови можности за домување, трговија и економски активности, во согласност со интересите на граѓаните и визијата за модерен урбан центар.