Пријави дива депонија

Локалната власт на Општина Крива Паланка  е во сериозна намера да се справи  со  несовесното постапување со отпадот и создавањето на диви депонии или т.н ѓубришта  на подрачјето на општината.

Дивите депонии или ѓубришта  се  производ и активност на несовесно однесување  на поединци или група на лица кои живееат  на одреден простор.

Дивите депонии  покрај тоа што го нарушуваат изгледот на просторот , тие се и закана  по здравјето на луѓето и истите на повеќе начини ја загадуват животната средина  и природата.  Со измивањето на расфрланиот  отпадот  при врнежите се создава исцедок  кој го загадува непосредното земјиште,површинските и подземните води,  Отфрлениот разновиден отпад има негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет , а неговата миризба го нарушува локалниот амбиентален воздух итн.

Поради сето наведено потребно е да се  прекине  со ваквата пракса за нерегуларно и противзаконито одлагање на отпад во природата.

Со цел расчистување и елиминирање на дивите депонии општината ги повикува граѓаните да ги пријават дивите депонии  кои се наоѓаат во нивната  непосредна  околина

Акцијата за расчитување на дивите депонии ќе започне на 05 мај 2025 година и ќе трае две недели.

Пријави депонија или ѓубриште на тел. бр.075 236 557.

Големина на фонт
Контраст