Општина Крива Паланка органзирза ПИВТИЈАДА

По повод чествувањето на празникот ,,Водици“ Општина Крива Паланка организира ,,ПИВТИЈАДА“.
Настанот ќе се одржи во хотел ,,Турист “со почеток во 10,30ч. после церемонијата, фрлање на крстот.

Манифестацијата ,,ПИВТИЈАДА“ ќе има натпреварувачки карактер.

Ќе бидат доделени награди:

– за освоено прво место ќе додели 3000 денари
– за освоено второ место ќе додели 2000 денари, 
– за освоено трето место ќе додели 1000 денари.

На манифестацијата може да се пријави секој граѓанин кој има желба да учествува. Сите потребни намирници за подготовка на пивтиите ги обезбедува Општината.

За сите подетални информации и пријавувањето на кандидатите обратете се во просториите на одделението за ЛЕР (позади општинската зграда) и на телефон: 372-130, лице за контакт: Стојановска Лилјана.

Големина на фонт
Контраст