Општински крос 2014

На ден 25.04.2014 година на улицата Св.Јоаким Осоговски, Општина Крива Паланка во соработка со основните и средното училиште организира општински крос натпревар. На натпреварот ќе учествуваат учениците од 3 до 8 одделение од основните училишта ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски и учениците од СОУ Ѓорче Петров. Учесниците ќе бидат поделени според возраста во четири категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).

Натпреварот ќе се организира според правилата на ФУСМ и АФМ, а ќе биде со почеток во 11.00 часот со стартни позиции од 400 метри, 600 метри, 800 метри и 1000 метри, а целта ќе биде на плоштадот во Крива Паланка.

Првопласираните три места во поединечна конкуренција ќе бидат наградени со дипломи и медалји (златна-сребрена-бронзена) и ќе учествуваат на финалниот Национален натпревар кој ќе се одржи на 16 мај 2014 г. во Скопје.

Големина на фонт
Контраст