На површина од околу 1100 метри квадратни во Конопница ќе се градат нов фудбалски спортски терен и детско катче. Проектот е финансиран од тригодишната развојна програма на Општина Крива Паланка.
Денес започна изградбата на ново детско урбано катче и спортски терен во Конопница, кај м.в. Тополки, инвестиција вредна 3.210.000 денари.Со средства од буџетот, Развојна програма на Општина Крива Паланка инвестираме во уредување на ново детско катче со површина од 150 метри квадратни, опремено со реквизити и урбана опрема. Вредноста изнесува 1.135.000 денари, а ова е тринаесетти по ред урбано детско катче во општината изградено во периодот од три години. На истата локација ќе биде изграден и уреден комплетно нов фудбалски спортски терен со вештачка трева, со површина од 924 метри квадратни во вредност од 2.075.000 денари.
Локалната самоуправа во изминатите три години инвестира значајни средства за уредување нови детски катчиња со спортски терени и од ниту едно катче во 2021 година, денес се гради тринаесеттото .
Продолжуваме да вложуваме за среќно детство на дечињата, за правилен развој на младите генерации. Истовремено, со средства од развојната програма на општината се проектираат уште осум други вакви урбани катчиња што ќе бидат лоцирани во различни населени места, меѓу кои во Осичка маала, во населбата Бавчалк и други.






