Резултати од мониторингот на веб страниците на Општините и Центрите за развој на планските региони.
Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер на РС Македонија, спроведе мониторин на веб страниците на Општините и Центрите за развој на планските региони, кои како иматели на информациите се обврзани да ги објавуваат на своите веб страни.
Според анализата на резултатите и извршената проверка, најтранспарентни се: Општините Валандово и Демир Хисар со 64 бода, а по нив следат четирите општини: Крива Палaнка, Пробиштип, Берово и Битола, со 60 бодови, 58, 57.5 и 57 бодови.
Конкретно за општина Крива Паланка оваа анализа покажа дека има скок од три места споредбено со претходната година, што за нас како ЕЛС е показател за значително подобрување на проактивната транспарентност и отчетноста во нашата работа пред граѓаните.