Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година, што го спроведува Фондацијата за отворено општество „Метаморфозис“, ја рангираше општина Крива Паланка во листата на најотворени општини во дршавата.
Конкретните наоди од Индексот на отореност за покажаа дека за тековната 2024 година, најотворените ЕЛС се: Битола (67%), Делчево (66%), Демир Хисар (64%), Велес (60%), Валандово (59%), Прилеп (58%), Крива Паланка (58%), Берово (58%), Василево (56%), Кочани (55%), Градско (54%), Гевгелија (54%), Охрид (53%), Кавадарци (52%) и Гази Баба (52%), наспроти најзатворените ЕЛС помеѓу кои Сопиште (7%), Кривогаштани (13%), Студеничани (13%), Росоман (14%), Чучер Сандево (15%), Шуто Оризари (16%), Лозово (17%), Боговиње (18%), Ранковце (18%), Врапчиште (19%) и Чаир (19%).
Отвореноста се мери преку четири параметри: транспарентност, свесност, пристапност и интегритет, а проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во локалната самоуправа.
Просечниот резултат на единиците на локалната самоуправа, според истражувањето за 2024 година изнесува 37 % што претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт во Република Северна Македонија, иако се бележи подобрување од 10% во споредба со анализите од 2022г.
Во однос на планските региони, овогодишните наоди покажуваат дека ЕЛС во Источниот регион се најотворени (43,4%), за разлика од 2022 година каде што најотворени беа ЕЛС од Југоисточниот регион, додека најзатворени и оваа година се ЕЛС од Скопскиот регион (29,2%).
Инаку, процената е резултат на спроведеното истражување засновано врз Индексот на отвореност чија цел е да го утврди степенот до кој се почитуваат начелата на доброто владеење, во овој случај на локалната власт во Република Северна Македонија. Индексот на отвореност се заснова на методологијата на Индекс на отвореноста на ЕЛС и е со цел да се измери степенот до кој единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија ги почитуваат начела за добро владеење. Истражувањето го реализираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од владата на Швајцарија преку Програмата „Цивика мобилитас“.