Годишно обраќање на градоначалникот

На седницата на Совет на општина Крива Паланка што се одржа на ден 24.12.2009 година градоначалникот, г-дин Арсенчо Алексовски им се обрати на советниците. Тој меѓу другото истакна:

Наша мисија е Крива Паланка да биде економски и културно развиена средина, регион кој призведува еколошки здрава храна, со развиен туризам и угостителство, со мал број на невработени лица,  со изградена социјална и комунална инфраструктура, добра сообраќајна поврзаност, или  накратко кажано, примамливо место за живеење и работа на среќни и задоволни граѓани. Тоа ќе биде трасиран пат по кој ќе продолжиме и идната година. Се разбира, нема да биде лесно, нема да може да биде остварено за краток период, но ветуваме дека ќе бидеме упорни и посветени до крај на работата. Во остварувањето на нашите заложби сигурно и ќе правиме грешки и пропусти. Но, тука сме сите заедно, без оглед на било која политичка припадност, да дадеме свој придонес за иднината на нашиот град, за добробитта и напредокот на нашите граѓани.
Отворени сме за соработка со сите кои добронамерно сакаат да помогнат за развојот на општината без разлика на политичката припадност. Свесни сме дека само со заеднички напори, разбирања и водени од единствената визија-Крива Паланка да ја направиме не само  пристојно место за живеење- туку и убаво место за живеење можеме да успееме, а тоа ќе биде наш успех – успех на Кривопаланчани.  Затоа ве повикувам да продолжиме несебично  да ја остваруваме нашата задача за која имаме одговорност и обврска пред нашите граѓани.
 На крајот почитувани присутни во Новата 2010 година на сите Вас  и на сите грагани на нашата општина  Ви посакувам многу успеси, здравје, среќа,  благодет и остварување на сите Ваши желби. Нека ни е Среќна  Новата 2010 година  нека ни се честити и престојните Божикни празници  и нека ни е за многу години.

Целиот говор на градоначалникот можете да го преземете од линкот подолу.

Големина на фонт
Контраст