Со претставата „Љубовна терапија“ на Народниот театар при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово започнува 16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, утревечер, 27 септември, во НУ Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19,30 часот.
Претставата е работена според текст на Кристофер Дуранг, во режија на Драгана Таневска и драматургија на Симона Тоскиќ.
Се работи за романтична комедија која се фокусира на две современи и актуелни појави – користење на апликации за запознавање во обид да се најде романтична врска и одење на терапија како можност ликовите да ги надминат своите проблеми и потешкотии.
Театарскиот фестивал годинава трае од 27 септември до 5 окотомври, а сите претстави започнуваат од 19,30 часот.
На 30 септември, со почеток во 13,00 часот ќе се одржи свечена промоција на монографијата по повод 15 години Интернационален театарски фестивал„Со театар до Балкан без граници“ од Гоце Ристовски.
На свеченоста ќе биде прогласен и овогодинешниот лауреат на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“, македонскиот актер Никола Ристановски, кој се истакнува со бројни улоги и извонредни актерски остварувања во земјава и регионот.
Организатори на оваа престижна манифестација се Општина Крива Паланка, Здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка и НУ Центар за култура Крива Паланка.
Како покровители се јавуваат Општина Крива Паланка и компанијата Феникс Фенетрс од Париз, Франција, сопственост на наши иселеници и Квазар ДООЕЛ од Скопје.
Билетите за претставите се продаваат на билетарницата на НУ Центра за култура Крива Паланка.
Програма на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“ (Грозде види овде постави ја програмата, со линк, хиперлинк, ти си знаеш).
Со претставата „Љубовна терапија“ за почнува 16-то издание на МТФ „Св. Јоаким Осоговски“
Со претставата „Љубовна терапија“ на Народниот театар при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово започнува 16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, утревечер, 27 септември, во НУ Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19,30 часот.
Претставата е работена според текст на Кристофер Дуранг, во режија на Драгана Таневска и драматургија на Симона Тоскиќ.
Се работи за романтична комедија која се фокусира на две современи и актуелни појави – користење на апликации за запознавање во обид да се најде романтична врска и одење на терапија како можност ликовите да ги надминат своите проблеми и потешкотии.
Театарскиот фестивал годинава трае од 27 септември до 5 окотомври, а сите претстави започнуваат од 19,30 часот.
На 30 септември, со почеток во 13,00 часот ќе се одржи свечена промоција на монографијата по повод 15 години Интернационален театарски фестивал„Со театар до Балкан без граници“ од Гоце Ристовски.
На свеченоста ќе биде прогласен и овогодинешниот лауреат на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“, македонскиот актер Никола Ристановски, кој се истакнува со бројни улоги и извонредни актерски остварувања во земјава и регионот.
Организатори на оваа престижна манифестација се Општина Крива Паланка, Здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка и НУ Центар за култура Крива Паланка.
Како покровители се јавуваат Општина Крива Паланка и компанијата Феникс Фенетрс од Париз, Франција, сопственост на наши иселеници и Квазар ДООЕЛ од Скопје.
Билетите за претставите се продаваат на билетарницата на НУ Центра за култура Крива Паланка.
Програма на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“