Одржан состанок на Локален Совет за превенција, усвоени предлог-мерки за понатамошни активности

Локалниот Совет за превенција на Општина Крива Паланка денес одржа седница на која се дискутираше по предложените точки на дневен ред: врсничко насилство и говор на омраза во образовните институции, превенција од девијантни појави и предлог мерки за заштита на младите, безбедни училишта , обезбедување на учесниците во сообраќајот, управување со моторцикли и електирчни тротинети од страна на ученици и останати малолетни лица , учесници во сообраќајот, безбедност на стари и немоќни лица кои сами живеат на подрачјето на Општина Крива Паланка.

На Седницата што ја водеше Претседателката на Советот на Општина Крива Паланка Изабела Павловска,  присуствуваа: началникот за превенција на СВР Куманово,  Александар Јанковски, Сунчица Антовска, од СВР Куманово – Отсек превенција, од ОВР Крива Паланка,  помошник-инспектор за превенција, Кире Николовски, Отсек за превенција –ОВР Крива Паланка, Зоран Николовски, директори и претставници од психолошко-педагошките служби во основните и средното општинско училиште од Крива Паланка, претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи, Крива Паланка, од Совет на Општина Крива Паланка, Територијална противпожарна единица Крива Паланка, ЈП Комуналец, претставници од општинската администрација и од медиуми.

По исцрпна дискусија по точките предложени од Советот, и презентирани активности во ин ституциите од страна на  присутните за тековни активности за превенција на учениците од девијантни појави, булинг, врсничко насислтво, акко и за недозволено управуавње со мопеди и електирчни тротинети по сообраќајниците и спречуавње на малолетници да управуваат со моторни возила, од страна на началникот за превенција, Јанковски, заедно со присутните беа дадени предлог-мерки з аактивности ѓто ќе придонесат за уште поголема безбедност кај младите и возрасни лиц,а но и вооопшто на целата заедница, во понатамошниот период.

Дадени се следните предлог –мерки: Продолжување на кампањите на МВР , ОВР Крива Паланка и СВР Куманово во соработка со образовните институции за спроведување соодветни едукативни работилници и трибини на тема булинг, врсничко насилство, безбедност во сообраќајот, реализација на кампањите „Безбедни училишта“ со засилен ин етнзитет, координација на формираниет училишни тимови за безбедност со родителите, свикување претставници од МВР Отсек преевнција и координација на совет народители,с о цел посочување директно до родителите на мерките кои се превземаат за заштита на децата по различни основи,с о цел продлабочување и засилуавње на соработката со родителите, многу поголема соработка со децата з астекнување доверба кај нив во полициските службеници за споделување информации за булинг и злоупотреба на алкохол и недозволенис супстанци и дроги, трибини за влијанијата на дрогата и видови дроги на кои малдите ќе бдиат запознаени детално з апоследиците од злоупотреба на истите, таргетираниет локации ан собирање на малди каде се консумираат недозволени суспстанци соодветно да се осветлат и да бидат повидливи ,а истовремено помалку веројатни локации каде младите би можеле да вршат недозволени дејанија, спроведувањемешани патроли во локалните угостителски објекти и друго.

По однос на безбедноста и грижата за стари, изнемоштени и осамени лиц акои живеат во Крива Паланка , дадена е препорака за формирање тимови од Меѓуопштински центар з асоцијална работа, Црвен Крст Крива Паланка, МВР, кои би креирале план со редовни активности за посета на лицата и нивно информирање за заштита од измами и злоупотреби.

За точката псоветена на состојбата со пожари на подрачјето на Крива Паланка, од ТППЕ информираа дека најголем рпоблем периодов се јавува со неисчистени оџаци, палење оган за зимници и фрлање запалени остатоци во контејнери, палење стрништа и „чадење“ месо во несоодветни простории кои лесно се запалливи.

Од страна на советникот Влатко Ристовски беше даден предлог за разгледуавње на дејнсотите на ЈП Комуналец кадешто претходно е веројатно дека имало можност за оџачарска служба, коај може да се реактивира. Дадени беа н асоки да с еизвестат претседателите на куќните совети на станари во колективните стамбени објекти да ангажираат навреме служби за чситење на оџаците, истото да се апелира и до сите граѓани кои се топлат на дрва, а она што е важно, посочи началникот Јанковски, е да се разгледа на повисоко ниво состојбата со пожарите кои се предизвикани намерно и воведување забрана за користење на опожарена дрвна маса од страна на економските оператори.

До следната седница на Соевтот, присутните истакнаа и дека ќе бдиат реалзиизрани различни кампањи з аподигнуавње на свеста кај младите за возење велосипеди, безбедно управување со истите, поттикнување и мотивација на младиет да бидат ангажирани и да се вклучат во кампањите кои ги едуцираат за превенција и соосдветно постапување по однос на истите.

Големина на фонт
Контраст