На ден 13.09.2024 година во големата општинска сала се оддржа завршен настан од Проектот Младите во дигиталниот свет. Проектот имаше за цел да ги едуцира младите од Општина Крива Паланка со сите предизвици и опасности што ги носи дигитализацијата во нашето општество. Во рамки на проектот се одржаа повеќе работилници во СОУ. Ѓорче Петров, и во општинските основни училишта во централното подрачје како и неколку училишта од руралните средини.
Проектот траеше 8 месеци и истиот беше споведен од страна на на Службата за спасување и помош Спасител – Крива Паланка во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот Младите во дигиталниот свет е кофинансиран од Општина Крива Паланка.
#ReLOaD #ReLOaDMK #LocalDemocracy #WesternBalkans #RELOADWesternBalkans #UNDPMK #Delegation of the European Union, Skopje