Градскиот парк и плоштад во Крива Паланка се дефинитивно место кадешто граѓаните од сите возрасти можат да уживаат и да се рекреираат.
За дечињата и најмладите жители на општината неодамна беше уредено ново детско катче со мултифункционален детски реквизит за безгрижно детство, а во рамки на проектот што се реализираше на површина од околу 180 метри квадратни, денес е поставена урбана опрема.
Поставени се нови 20 клупи, надополнувајќи го капацитетот за одмор, релаксација и уживање во прекрасниот амбиент на паркот, а за одржување на високото ниво на хигиена поставени се и нови десет корпи за отпадоци.
Опремата е поставена во склоп на проектот за уредување детскотп катче со вкупна вредност од 2.100.000 денари, финансии обезбедени од Буџетот на општината преку Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024 година.
Постојните дваесет клупи за седење што беа демонтирани од градскиот парк се поставени долж мајор коритото на Крива Река, во кејот, по течението на реката.
Со ова локалната самоуправа на општината ги продолжува заложбите за модерна, урбана и уредна општина.