На иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски и со одлука на Совет на Општина Крива Паланка бр.09-3296/25 од 11.07.2024 година, Општина Крива Паланка во учебната 2024/2025 година на секој запишан ученик во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка ќе исплаќа по 2000 денари месечна субвенција за период од девет месеци.
Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување месечна субвенција за секој ученик запишан во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за учебната 2024/2025 година.
Барањето за аплицирање со потребните документи треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница .
Крајниот рок за аплицирање е до 30.09.2024 година.