Општина Крива Паланка ги известува родителите чиишто дечиња годинава треба за првпат да тргнат во училиште, дека во текот на месец мај започнува уписот на првоодделенчиња во основните училишта „Илинден“ и „Св.Јоаким Крчовски“ на територијата на Општина Крива Паланка.
За првпат годинава Општина Крива Паланка доделува и еднократна парична помош од 3 000 денари на сите семејства со запишано прваче во основните училишта во Крива Паланка во учебната 2025/2026 година, врз основа на донесена Одлука на Советсо бр.09-534/3 од 31.01.2025 година.
Потребните документи за аплицирање за овие финасиски средства се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче, за учебната 2025/2026 година, кои треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка.
Линк за Барање за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче:
При запишувањето на првачиња неопходно е да ги понесете со себе следниве документи за да ги доставите до Комисијата за упис на детето во прво одделение:
1. Извод од матична книга на родените на ученикот (копија);
2. Државјанство на ученикот (за ученици кои се родени во странство);
3. Копија од лична карта од родител;
4. Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа ЈЗУ Општа болница-Кочани;
5. Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа ЈЗУ Општа болница Кочани;
6. Потврда за направен офтамолошки преглед (преглед кај очен лекар);
7. При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Крајниот рок за аплицирање е до 15.09.2025 година.