Градоначалникот Алексовски во посета дежурните служби

Во пресрет на новогодишната ноќ, градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски и претставници од општинската администрација, традиционално по петти пат ги посетија дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните, Полициската станица, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска служба.


Градоначалникот се информираше за подготовките кои овие служби ги имаат направено за да помине се во најдобар ред на дочекот на Новата година и во текот на празничните денови. Воедно, градоначалникот Алексовски им ги честиташе празниците на вработените во дежурните служби и во консултаџија со нив им подари електрични апарати во знак на внимание и  благодарност за посветеноста на вработените кои се на своите работни места за новогодишната ноќ.

 

Големина на фонт
Контраст