Прво меѓународно ретро шоу на олдтајмери во Општина Крива Паланка

Љубителите  на  автомобили, викендов имаа можност да уживаат  во ревијата на стари класични возила кои беа изложени на Градскиот плоштад, во рамките  на  првото Меѓународно ретро шоу на олдтајмери во Општина Крива Паланка.

Оваа вистинска автомобилска фешта претстави низа уникатни модели, вистински класици кои не навратија на спомените на автомобиската историја.

Ојдтајмерите,  постари и повеќе од 40 години, за првпат продефилираа низ нашиот град, оставајќи атрактивен  впечаток со својот шарм и елеганција.

Средбата на околу 30 олдтајмери од различни клубови од Македонија и Србија  беше искористена сите присутни да ги разгледаат, да се  фотографираат и да уживаат во автентичноста на овие возила кои се дел од автомобилската класа.

Ова уникатно и празнично ретро шоу на олдтајмери го организираше  Општина Крива Паланка во соработка со Клубот „Олтајмер Витези“ од Куманово, а беше збогатено со настап на ДЏ Буѓо.

Настанот  е  дел од промоцијата  на културата во рамки на  манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст