Одигран овогодинешниот „Турнир во мал фудбал-Крива Паланка 2024“

Љубителите на фудбалот во општина Крива Паланка имаа можност да проследат возбудливи дуели од овогодишниот општински турнир во мал фудбал, кој беше одигран изминатите денови и недели во Спортската сала „Бранители 2001“, а заврши заклучно со 1-ви мај, каде што се одиграа и финалните натпревари.

Преполните трибини и големата спорстка еуфорија за овој несекојдневен и атрактивен настан, се показатели за професионалното ниво на организација и реализација на турнирот од страна на Општината, кој помина без забелешки од учесниците и посетителите.

Натпреварите за трето место и финалето беа отворени со спектакуларен перформанс на денс група, настап на DJ и неверојатна спортска атмосфера збогатена со возбудливи светлосни ефекти.

Сепак во фубалот и спортот има победници кои успеаа да се закитат со одличјата и праичните награди, кои беа обезбедени од страна на Општината и помагателите на турнирот.
Победник на турнирот беше екипата на „Гранд Слот Казино“ од Скопје, второто место му припадна тимот на „Селект – Воденица“ а трето место го освои екипата на „Бено Холдинг“ од Крива Паланка.

Награди и признанија беа доделени и за најдобар играч, најдобар голгетер и голман на турнирот.
Општина Крива Паланка е спортски град кој во континиутет низ разни форми и програми го поддржува спортот, фудбалот, спортските клубови, талентите и спортските работници, и интензивно вложува во унапредубање на спортската инфраструктура.

Големина на фонт
Контраст