Поставени фотоволтаици на пет јавни институции во Општина  Крива Паланка

Вкупно пет јавни институции во општината  добија фотоволтаични инсталации на кровните конструкции и тоа:

ОЈУ детска градинка “Детелинка”- објект „Пролетна роса“, ООУ “Јоаким Крчовски”- зграда “Партизан”, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, административниот објект на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и ученичкиот дом “Боро Менков”.

Поставувањето на фотоволтаичните панели за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, се реализираше преку проектот „Зелена енергија за јавни институции“,  кој Општина Крива Паланка го спровдува во соработка со Центарот за меѓународна соработка и развој од Љубљана  Р. Словенија.

Вкупната вредност на целата инвестиција е во висина од 103. 000 евра од кои 50% се средства од Буџетот на Општина Крива Паланка, а другите 50%  се обезбедени од  Центарот за меѓународна соработка и развој од Љубљана  Р.Словенија.

Оваа инвестиција ќе помогне овие локални институции да бидат посамостојни во снабдувањето со електрична енергија, значително ќе допринесе во намалување на потрошувачката и трошочите на електрична енергија, а заштедите ќе може да се вложат во подобрување на условите за развој на секоја институција поединечно.

Станува збор за многу значаен проект и инвестиција, која треба да овозможи подобри услови во петте јавни институции, но истовремено да ги направи и самоодржливи.

 

 

Големина на фонт
Контраст