Општина Крива Паланка потпиша Меморандум за соработка со Советот на лица со попреченост – Хендикеп Плус

Во општина Крива Паланка денес беше оддржана конференција-настан на кој, здружението “Хендикеп плус“ ги промовраше активностите од проектот „Пристапна и отворена општина“ и воедно потпиша Меморандум за соработка со Општина Крива Паланка.

Една од активностите на проектот „Пристапна и отворена општина“е токму и потпишувањето на Меморандумот на соработка, што денес го потпишаа, претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска и Бранкица Димитровска-претседател на здружението „Хендикеп плус“.

Целата на овој Меморандум е воспоставување на отворен дијалог помеѓу ЗГ„Хендикеп плус“ и заедницата на лицата со попречености со инстутициите на локално ниво, а пред се со Советот на Општината.

Во рамки на настанот беше потенцирано дека Општината има одлична соработка со ЗГ „Хендикеп плус“ и благодарение на таа соработка и добрите политики, сега Крива Паланка е прва Општина на Балканот што ќе има Совет на лица со попреченост, кој ќе функционира како неформално тело во рамки на Советот на Општина Крива Паланка.

Преку овој Совет ќе се воспостави ефективен механизам за непосредно решавање на детектираните потреби и проблеми на лицата со хендикеп, а воедно, заеднички ќе се креираат и реални програми и мерки, со користење на пристапни форми за овие лица, како што е Брајовото писмо, на кое што ќе биде изготвувен Статутот на Општината, како и дриугите акти.

На конференцијата присувствуваа и преставници на Бугарската Агенција за Развој од Програмата на Бугарското министрство за надворежни работи, кое финасиски го помогна реализирањето на пректот „Пристапна и отворена општина“  кое  ЗГ „Хендикеп плус“ го реализира во соработка со Општина Крива Паланка.

Општат цел на овој проект е да се обезбедат социјални промени во општина Крива Паланка, иницирани од лицата со попреченост, за потранспарентно, одговорно и инклузивно владеење на правото, како и создавање на поволна клима за унапредување на локалните политики, согласно обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Големина на фонт
Контраст