Богата програма во април во рамките на „Крива Паланка-Град на културата 2024“

Голем број културни настани се предвидени да се реализираат во месец април во рамките на манифестацијата  „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Промоции на книги, креативни работилници, концерти, изложби и други интересни настани содржи културната понуда за овој месец.

На 1 април веќе се организираше маскенбалот „Првоаприлска шега 2024“ на која учествуваа околу 800 учесници од ОЈУДГ Детелинка  и основните училишта „Св. Јоаким Крчовски“ и „Илинден“.

На 3 април, во НУ Центар за култура Крива Паланка,  е реализирана работилницата „Пробуди  ја креативноста“, под менторство на  Оливера Станковска, животен тренер и практичар по креативност и уметничка терапија.

На  4 април, пак, публиката се препушти на смеата и хуморот со  стенд ап комедија  „НЕ СЕ КУРЧИ“ , со  актерката Надица Петрова,која се одржа,  исто така,  во НУЦК Крива Паланка.

И во следниот период од април најголем дел од  настаните  ќе се реализираат во НУ Центар за култура Крива Паланка и тоа:

08.04.2024, 20,00 ч  „ПОД СОНЦЕТО“,  концерт на Бајса Арифовска (кавал, виолина, кларинет)  и пријателите  (Дамир Имери – клавијатури, Ратко Даутовски – перкусии , Душко Георгиевски-вокал)

14.04.2024, 12,00 ч. – Промоција на книгата МОЈОТ СОН од д-р Џемиле Берат 

17.04.2024, 12,00 ч.  – Изложба на карикатури IN VINICA VERITAS“ од Виница

18.04.2024, 12,30 ч. – Промоција на книги ПАЛАНЕЧКИ ДРАМИ  од Страхил Алексиќ

19.04.2024, 11,30 ч. – РаботилницаЧИТАЈ И ИЛУСТРИРАЈсо нас.  Габриела Стојановска

20.04.2024, 16,00 ч. – РаботилницаЧИТАЈ И ИЛУСТРИРАЈсо ликовниот уметник Лазо Ѓорѓиевски

26.04.2024, 20,00 ч. – КРИВОПАЛАНЕЧКИ СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ – промоција на книга и концерт

На  12 април, во 20,00 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка , пак, постхумно ќе биде отворена ретроспективна изложба на ликовниот уметник Лазо Крстевски.

Ве покануваме да бидете дел од културните манифестации и настани во април- вториот  месец од  реализација на манифестацијата  „ Крива Паланка-Град на културата“.

Големина на фонт
Контраст