Австрискиот амбасадор Мартин Памер и делегација од обласата Тирол во посета на Крива Паланка

Градоначалникот Сашко Митовски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Н.Е.Мартин Памер, господинот Петер Логар – проектменаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и господинот Јоханес Пап –  Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол.

Посетата беше дел од иницијативата за засилување на врските со Општината и нејзините локални институции со овој австриски регион, а поконкретно за поддршка на развојот на ТППЕ Крива Паланка и локалната заедница.

На средбата, градонaчалникот  Сашко Митовски го запозна амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти и актуелните активности кои Општината ги спроведува, а беше раговарано и за можностите за воспоставување на соработка во областа на образованието, развојот на туризмот, економијата, културата и сл.

Во рамки на денешната посета, австриската делегација имаше средба со вработените во ТППЕ Крива Паланка, каде гостите имаа можност конкретно да се запознаат со техничката опременост, капацитетите и ресурсите со кои располага противпожарната единица од Крива Паланка.

Подоцна, Делегацијата ги посети и ЛУ Градски Музеј , како и бисерот на Општината-манастирот “Свети Јоаким Осоговски“.

Градоначалникот Митовски изрази големо задоволство од посетата на австриската Делегација и истакна дека се разговараше на повеќе теми од локален интерес, а секоја ваква средба со размена на искуства е добредојдена и многу корисна, особено кога доаѓа од наши пријатели од ЕУ и стучни луѓе кои директно се вклучени во Програми и  проекти за поддршка и развој.

Големина на фонт
Контраст