Дефиле под маски и манифестација “ Првоаприлска шега’’за најмладите во Крива Паланка

По повод 1 Април-Денот на шегата, Oпштина Крива Паланка ќе го организира најрадосниот ден за најмладите со манифестацијата  “ Првоаприлска шега’’, која е дел од програмата на “Крива Паланка – Град на културата”

Централната забава за најмладите ќе се одржи на 01.04.2024 (понеделник) на Градскиот плоштадот,  од 11 часот.

Манифестацијата  “Првоаприлска шега’’ ќе започне со детско дефиле под маски, кое ќе се движи низ централаната улица, а потоа продолжува со претставување и ревија на маскираните детски групи, на која, тие ќе имаат можност да ја покажат и својата креативност и умешност во изработката на истите.

Со нови креации од маски, ќе се престават учениците од одделенска настава од ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, како и дечињата од детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка.

Оваа година настанот ќе биде збогатен  со настапот на омилениот трап изведувач Христијан Настески, познат како – Пајак и забава со аниматори.

Учесниците се подготвуваат, дечињата се радуваат на претстојната “Првоаприлска шега 2024″, дел од манифестацијата”Крива Паланка – Град на културата”.

Големина на фонт
Контраст