Викендов во Крива Паланка : Концерт на Каролина Гочева и манифестација „Невестинско поклонение“

Овој викенд  кривопаланчани ги очекува богата  и возбудлива културна програма, која не треба да ја  пропуштите.

Утре, сабота, 23 март, со почеток во 20 часот, во НУ Центар за култура,  ќе се одржи  концерт на омилената македонска пејачка, Каролина Гочева, придружувана од бендот на композиторот и продуцент Никола Мицевски.

Ова за кривопаланчани е ретка можност за вистинско музичко искуство  и уживање со познатите хитови на македонската поп дива од албумот „Македонско девојче“.

Со овој настан и свечено ќе биде отворена манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“, поддржана од Министерството за култура.

Во недела, 24 март,  во кругот на црквата „Свети Теодор Тирон“ во село Конопница , пак, ќе се одржи манифестацијата „Невестинско поклонение“, традиционален настан кој го носи духот на послесвадбените обичаите, во кои учествуваат невестите кои склопиле брак помеѓу две Тодорици.

Манифестацијата започнува во 13 часот со невестинска поворка на снаите и свекрвите, по што следува благослов и молитва од свештенослужителите. Годинава, дел од овој ритуал се и снаата и свекрвата од прочуената „Галичка свадба“, како и снаа и свекрва од Лесковац, Србија.

Свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски  и идејниот творец Стојанче Величковски.

Настанот ќе биде збогатен со селска слава по повод верскиот празник Тодорица, македонска традиционална музика и фолклорни игри.

Големина на фонт
Контраст