Пријавување за општинскиот „Турнир во мал фудбал“

Општина Крива Паланка го организира третиот по ред  „Турнир во мал фудбал“ со почеток од 22.04.2024 година.

Натпреварите ќе се одвиваат во спортската сала “Бранители 2001”, а пријавувањето ќе трае до 19.04.2024 година до 16 часот кај лицето : Антонио Јакимовски со тел.бр. 078/241-928.

Екипите ќе треба да уплатат котизација од 2 000 денари.

Под покровителство на Општината, паланчани и сите љубители на фудбалот ќе имаат можност за нова спортска дружба и еуфорија за најважната споредна работа на светот.

Како организатор, Општината повторно обезбеди и богат награден фонд и значителни премии за најдобрите.

Вкупниот фонд за награди изнесува: 120 000 денари, од кои за:

Прво место – 80 000 денари;
Второ место- 30 000 денари;
Трето место- 10 000 денари;

Големина на фонт
Контраст