Пријавување на снаи и свекрви за манифестацијата  „Невестинско поклонение“

Општина Крива Паланка ги повикува снаите омажени помеѓу две Тодорици, заедно со своите свекрви, да се пријават за учество на традиционалната манифестација „Невестинско поклонение“, која ќе се одржи на 24 март (недела),со почеток во 13 часот,  во кругот на црквата „Свети Теодор Тирон“ во село Конопница.

Право на учество имаат сите млади невести кои склопиле брак помеѓу две Тодорици, а кои треба да бидат облечени во родокрајна народна носија.

Ексклузивни учесници на „Невестинско поклонение“ годинава се снаата и свекрвата од  „Галичка свадба“, како  и снаа и свекрва од збратимениот Лесковац, Србија.

Свеченото дефиле ќе се изврши во дворот на црквата „Свети Теодор Тирон“ во село Конопница, каде невестите ќе земат благослов од кривопаланечкото архиерејско намесништво.

Манифестацијата ќе биде придружена со богата културно-уметничка програма, со настап на КУЗ „Карпош“ и музички бенд.

Сите заинтересирани млади , со своите свекрви, треба да се пријават во Општина Крива Паланка, кај Емил Додевски (тел. 075/449-801) или кај Стојанче Величковски (070/ 321 234).

Заинтересираните можат да се пријават за учество заклучно со 22 март (петок).

Големина на фонт
Контраст