Концерт на Каролина Гочева со албумот „Македонско девојче“

Македонската музичка дива Каролина Гочева ќе одржи концерт прд кривопаланечката публика , на 23 март (сабота), со почеток  во 20 часот, во  НУ Центар за култура Крива Паланка, со  што свечено ќе се отвори манифестацијата  „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

На репертоарот на концертот на Каролина Гочева ќе се најдат песните од албумот „Македонско девојче“, кои ќе бидат изведени во придружба на бендот на  композиторот и продуцент Никола Мицевски.

Билетите за концертот веќе се пуштени во продажба, а заинтересираните граѓани можат да ги набават во Градската библиотека при НУ Центар за култура и во ЛУ Градски музеј Крива Паланка,  секој ден од  09:00-16:00 часот.

Цената на билетот изнесува 300 денари, а со секој купен билет граѓаните ја поддржуваат кампањата КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ЗА ГРАДОТ НА КУЛТУРАТА. Целта е да се соберат доволно средства за да може општината да добие соодветен инструмент за висококвалитетни настани со врвни уметници.

 

Големина на фонт
Контраст