Најава за почеток на манифестацијата „Крива Паланка – Град на Културата 2024“.

Од престојниот викенд започнуваат да се имплементираат Програмските активности од манифестацијта „Крива Паланка – Град на Културата 2024“.
Во Сабота, 16 март 2024 со почеток од 18.00 часот на централниот градски плоштад, ќе се одвива несекодневен и атрактивен настан наречен „СУСУРИГА 2024“–манифестација на маски и ритуално палење оган-огнено шоу на маскирани групи. Посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите на група БАМБУРЦИ од с.Ратево, ЏОЛОМАРИ од с. Манастирец, Росоман и КУКЕРИ и групата од с.Пиперков Чифлик , град Ќустендил. Огнено светлечко шоу: ПАЉАЧИ.

Наредниот викен, во Сабота 23 март 2024 г. следува Концерт на популарната македноска музичка дива, Каролина Гочева со „Македонско девојче“ и Никола Мицевски. Со овој концерт на Каролина Гочева официјално ќе биде отворена и манифестацијата „Крива Паланка – Град на Културата 2024“.

Недела 24 март 2024 г. од 12 часот во с. Конопница. ќе се релизира традиционалната културна мнанифестација „Невистинско поклонение на Свети Тeодор Тирон’’ во кривопаланечкото село Конопница.
Манифестацијата е инспирирана од древен обичај кој се практикувал за време на соборот пред црквата „Св. Теодор – Тирон“. Обичајот е возобновен во несекојдневен културен и многу атрактивен настан, кој ја оживува традицијата и кој прерасна во една од најатрактивните културни манифестациии од национален интерес во регионот.

Ова е програмата за културни настани за месец март со кои Крива Паланка официјално ќе го започне реализирањето на манифестацијата „Град на Културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст