Општина Крива Паланка избра лого на манифестацијата „ГРАД  НА КУЛТУРАТА 2024“

Идејното решение на авторот Небојша Спасиќ од Куманово е избрано за лого на манифестацијата „Крива Паланка – Град на Културата 2024“, од вкупно поднесени 17 предлози.

Според одлуката на Комисијата за спроведување на постапка за избор на лого, ова решение најдобро се вклопува во програмските цели на „Крива Паланка – Град на Културата 2024 година“, на најсоодветен начин ја отсликува културната сцена и претставува  креативен  визуелниот идентитет на манифестацијата.

„Инспирација за логото на авторот доаѓа од уникатниот плоштад на Крива Паланка. Во неговата геометрија авторот ги забележува броевите 2 и 4, кои ја симболизираат Крива Паланка 2024 година како град на културата. Врз таа основа, издизајнирани се апстракни бројки 2 и 4 кои формираат уметнички мозаик, односно  дизајн во мозаик стил во кој се вкомпонирани елементи на  различните аспекти на културата на Крива Паланка, кои вклучуваат  уметност, музика, танц и литература. Овој дизајн го означува срцето на културниот израз во градот Крива Паланка“, стои во образложението на Комисијата.

Општина Крива Паланка распиша Конкурс,  со бр. 31-955/1 од 21.02 2024, за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на манифестацијата „КРИВА ПАЛАНКА – ГРАД НА КУЛТУРАТА 2024“, во кој беа утврдени критериумите за избор и крајниот рок за доставување на предлозите.

До крајниот рок, 26.02. 2024 година, до 12.00 часот , на официјалниот емаил за конкурсот беа пристигнати 17 (седумнаесет) решенија.

Со решение број 08-943/2 од 20.02 2024 година, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, формира Комисија за спроведување на постапката за избор на лого на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Комисијата го избра решението со реден број 15 на авторот Небојша Спасиќ од Куманово како идејно решение за заштитен знак (лого) на манифестацијата „Крива Паланка – Град на Културата 2024 година“

Општина Крива Паланка со авторот ќе склучи договор со кој ќе се уредат авторските права и надоместокот,  согласно конкурсните критериуми.

Решение за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“\

Големина на фонт
Контраст