Одржана презентација на програмата за  манифестацијата „Град на културата 2024″

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со првите луѓе на културните установи во градот и носители на манифестацијата „Град на културата 2024″, денес оддржаа презентација на Програмата на наголемиот културен предизвик за Крива Паланка.

Присутните гости од културното миље во градот, имаа можност подетално да се запознаат со обемната и разновидна Програма што беше изготвена од страна на организациониот одбор на манифестацијата.

Во Програмата се вклучени бројни настани од сите дејности од обаста на културата, со кои Крива Паланка оваа година ќе раскажува една убава културна приказна.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Митовски ја пренесе и пораката за заедничка посветеност и одговорност во реализацијата на овој т.н. културен маратон во нашиот град и изјави:

„Општина Крива Паланка заедно сo сите чинители од областа на културата,  граѓански организации и поединци, со сите расположливи човечки и институционални ресурси и капацитети, потенцијали и енергија, е подготвена да се преобрази во една голема мултимедијална сцена за сите генерации. Да ја оправдаме довербата и со заеднички сили, со одговорна, посветена работа и ентузијазам да ја покажеме и докажеме нашата љубов кон градот и неговиот просперитет. Да направиме град со душа и да го подобриме имиџот во најшироки рамки и нашиот мал град да биде генератор на голема култура.“

Во програмата на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“ ќе бидат реализирани околу педесетина проекти и голем број пропратни културни настани  – концерти, татараски претстави, ликовни изложби, литературни промоции,  филмски ревии и многу други разновидни културни содржини.

Големина на фонт
Контраст