Европската куќа (Europe House) во Крива Паланка денес ја одбележа третата годишнина од своето постоење

Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски, денес беа гости на прославата на третиот роденден на Европската куќа (Europe House) Крива Паланка.

Роденденската прослава се организираше во просориите на Европската куќа, со богата програма на значаен број млади учесници од Крива Паланка и другите Општини од Свероисточниот плански регион.

Во рамки на роденденската програма беше организиран несекојдневен креативен настан насловен како „Базар на младински иновации и вештини“, на кој младите таленти од Крива Паланка и регионот демонстрираа иновативни пристапи и идеи во областа на дигитализацијата, роботиката и вештачката интелигенција, иновации за тестирање на електрична енергија,  STEAM методи и уметност во образованието, како и иновативни еко идеи во гастрономијата и модата, преставени како фузија од уметност и гастрономија.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, го честиташе роденденот на Europe House со порака, дека младите се во фокусот на неговата работа, а Општината е пријател на младите и тие секогаш ќе имаат подадена рака за поддршка и стимулација за сѐ што им е потребно.

Како локална самоуправа и носители на одлуки, силно сме посветени да обезбедиме подобри услови и можности за сите млади и сето тоа го правиме во консултации со нив. Во таа насока, голема поддршка во работата со младите пружа и Европската куќа, која веќе три години успешно ја гради Европската приказна во нашиот град и регионот, преку промоција на вредностите на Европската унија. Општина Крива Паланка и јас како градоначалник, се гордееме што имаме едно вакво место за новите генерации, каде сите активности и настани директно се насочени на развој на потенцијалот на младите личности и унапредување на нивните вештини“, изјави градоначалникот Митовки.

Големина на фонт
Контраст