Општинска делегација во посета на збратимениот град Жупања од Р.Храватска

Делегација од Општина Крива Паланка оствари официјална посета на збратимената општина Жупања од Р.Хрватска, по повод оддржувањето на популарната манифестацијата “57 Сокачко село”.

Делегацијата во состав: Изабела Павловска, претседателка на Совет на Општина Крива Паланка, Никола Јакимовски – заменик Градоначалник и советник, Драган Цвијовиќ, шеф на кабинет и советничките Тања Д. Митровска и Биљана Крстевска, имаше официјален прием во кабинетот на градоначалникот на Жупања, Дамир Јузбашиќ, продолжувајќи ја традицијата на одлична взаемна соработка на двете општини.

На празничната програма на “57 Сокачко село”,  свој настап имаше и КУЗ “Карпош” од  Крива Паланка, каде пред многубројната публика ги престави македонскиот фолклор и традиција.

Големина на фонт
Контраст