По 65 години, комплетно реконструирано подрачното училиште „св.Јоаким Крчовски“ во село Луке

Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски, денес направи обиколка на завршените инвестициски активности за комлетна реконструкција на подрачното училиште во село Луке ООУ „Јоаким Крчовски“.

За реализацијата на оваа инвестиција вложени се  6.000.000 денари, кои се обезбедени со заштеда од блок дотациите што училиштето ги добива од МОН.

Во оваа прилика директорот на училиштето, Дане Петровски, истакна дека подрачното училиште во с. Луке е изградено во далешната 1965 година и цели 65 години ништо не е обновено.

Со завршетокот на оваа инвестиција, направена е  комлетна реконструкција на подрачното училиште, со изградена нова  кровна конструкција со поставени нови кермиди и обновени оџаци и нови олуци, извршена е целосна замена на дрвените врати и прозори со ПВЦ, целосно се реновирани двете училници со нов ентериер и подови, извршено е комплетно реновирање на ходникот и помошните простории и поставени се плочки, изградени се внатрешни санитарни јазли со довод и одвод и нова септичка јама, изведен е  нов приклучок на вода од селскиот водовод со воведување на вода во санитарните јазли во училниците и поставен е хидрант.

Целосно е сменета старата електричната инсталација со нова и обновена е фасадата на училиштето.

Во двете училници поставени се смарт табли со стабилен и брз интернет и комлетно се обновени тротоарите на училиштето.

Градоначалникот Сашко Митовски упати честитки за успешното менаџирање и домаќинското работење на директорот Дане Петровски, за успешната реализација на овој значаен проект за  унапредување на условите за настава за секое дете, зошто секое дете заслужува еднакви услови за образование.

Вложувањето во подобрување на квалитетот на условите за реализација на наставата е влог за идните генерации, а тоа се наша обврска и долг кон заедницата“, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст