Наскоро почнува реализација на проектот за изградба и поставување на две монтажни катни гаражи

На прелог на градоначалникот Сашко Митовски, денес Советот на Општина Крива Паланка усвои Одлука  за задолжување  на Општина Крива Паланка, заради реализиација на  проектот за изградба и поставување на две монтажни катни гаражи и решавање на проблемот со просторно паркирање во централното градско подрачје во Крива Паланка.

Со овој проект поконкретно ќе се изврши проектирање, изградба и поставување на две монтажни челични конструкции за катни гаражи на две локации во централното градско подрачје на Општина Крива Паланка ( Кај градската автобуска станица и кај градски пазар). Вкупната вредност на проектот изнесува 40.000.000,оо денари.

По реализацијата на овој проект ќе следува и имлементација на проектот за зонско паркирање за конечно олеснување на проблемот со паркирањето на јавните површини во градот и решавање на сообраќајниот хаос во централаното градско подрачје.

 

Големина на фонт
Контраст