Одржана средба, социјален дијалог за унапредување на дуалното образование во Крива Паланка

Денес во Општина Крива Паланка се одржа средба, социјален дијалог помеѓу претставници од стручните служби на Општината и Советот, директорите на двете основни учиштата и средното општинско училиште и претставници од бизнис секторот, со цел консултации на компаниите и средното стручно училиште за унапредување на дуалното образование,идентификување на образовните профили  и креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот.

Социјалниот дијалог се реализира по спроведена анализа, која дефинира јасна слика за постојните профили кои ги нуди средното општинско училиште, нивната усогласеност со потребите на компаниите и подготвеноста за соработка на компаниите со средното стручно училиште на локално ниво.

На настанот главен акцент беше ставен на придобивките  од  дуалното образование, насоките за унапредување на образовниот процес,  како и предизвиците од економските состојби, ризикот од  иселување на младите и ризиците за работните места на наставниот кадар.

Дуалното образование има за цел да креира квалификуван стручен кадар кој ќе одговори на потребите и барањата на пазарот на трудот , односно преку дуалното образование учениците ќе можат да стекнат вештини, да бидат стручни и подготвени за вработување во производството.

Големина на фонт
Контраст